Невил му пресуди на тандемот во средниот ред на Карик: Доволно видовме од нив, не се на нивото кое го бара Премиер лигата

Дерби

11/10/2026

10:57

218

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед се најде во ситуација да биде целосно надигран од Тотенхем во првото полувреме и во добар дел се добиваше впечаток како домаќините да играат без среден ред, а ваквото чувство го натера Гери Невил да заклучи дека менаџерот Мајкл Карик мора да престане со форсирање на стандардниот тандем во средниот ред.

Јури Тилеманс и Коби Мејну стартуваа на пет од шест натпревари од стартот на сезоната во Премиер лигата, па откако вчера повторно беа потиснати додека играа заедно на теренот, Невил посочи дека е крајно време да дојде до промена во стартниот тим на тој дел од теренот.

– Тилеманс и Мејну, милам дкеа видовме доволно од нив. Не велам дека е доволно за нив поединечно, но кога играат заедно двајцата на теренот, едноставно не се доволно динамични за нивото на Премиер лигата и за Манчестер Јунајтед како клуб.

– Двајцата се доби играчи поединечно, но понекогаш едноставно не се создава потребен „клик“ меѓу двајца играчи, едноставно не си одговараат еден на друг.

– Мора да дојде до промена на тој дел, тимот изгледаше многу поенергично кога Балеба влезе на местото на Тилеманс во второто полувреме. Мора да има промена и сето тоа да изгледа подинамично, бидејќи Јунајтед сега оди на гости кај Атлетико Мадрид во Лига на шампиони, а после го чека и гостување на „Еланд Роуд“ против Лидс, – предупреди Невил.