Претпладне облачно, попладне врнежливо со грмежи

Макфакс

23/09/2019

10:50

804

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, а максималната од 22 до 29 целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на неделава времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има денеска кон крајот на денот и во вторник, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг