Фудбалерот на Манчестер Јунајтед го изненади фудбалскиот свет. По едногодишна пауза од фудбалот, популарниот бугарски напаѓач Димитар Бербатов одлучил да ги остави копачките и да стави крај на својата фудбалска кариера.
Тој се огласил на социјалната мрежа и соопштил дека решил да стави точка на блескавата фудбалска кариера, но и дека без дилема ќе остане да работи нешто поврзано со фудбалот.
Димитар својата фудбалска кариера ја започна на 21 година во ЦСКА од Софија кој со помош на головите успеа да стигне до Баерн Леверкузен. Во текот на играњето на Бундеслигата го покажал својот талент кој го поседува, па по пет сезони во 2006-та година се “пресели“ во Премиер лигата и потпиша договор со Тотенхем.
Од клубот на Тотенхем тогаш платиле 16.000.000 евра за Бербатов и поради тој трансфер, тогашната ѕвезда со тоа негово издигнување во тој период стана еден од најскапо платените бугарски фудбалери на сите времиња.
Во текот на двегодишното играње за Вест Хем, одигра 102 натпревари и постигна 46 голови, а потоа се случил пресврт и пристигнал повик од легендарниот Сер Алекс Фергусон па Бугаринот потпиша за Манчестер Јунајтед за неверојатни 38.000.000 евра.
И тука влезе меѓу легендите на Црвените ѓаволи. За Јунајтед тој одигра 149 натпревари и постигна 56 голови, влезе во кругот на “бесмртните“. Потоа ги бранеше боите на Фулам, Монако и ПАОК, но со значително помал успех отколку во дресот на Манчестер. Последниот клуб за кој играше беше Керал Бластерс од Индија. За репрезентацијата на Бугарија одигра 78 натпревари и даде 48 голови.
Во текот на последниве 12 месеци, Бербатов се обидел да најде нова средина, меѓутоа не се снашол добро во тоа па затоа одлучил да се збогува со активното играње.
Што се однесува до трофеите тој има две титули од Премиер лигата, два Лига купови, Светско првенство за клубови како и Куп на Бугарија на стартот на неговата кариера во дресот на софиската ЦСКА.