Османи: Јасно се гледа дека автомобилот е застанат, но ќе ја платам казната

Точка

18/09/2019

15:06

2.571

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот Бујар Османи се огласи после реакцијата на јавноста на неговата „проверка“ на таблите на државните институции.

Пред неколку дена Османи возеше со својот автомобил низ Скопје и вршеше проверка дали таблите на државните институции се напишани и на албански јазик.

Тој на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави и видео на кое се гледа како врши проверка, но исто така и разговара на мобилен телефон со директорот на Агенцијата за администрација, кого го прашува кога ќе биде поставена двојазичната табла.

Не пропуштајте: Замир Мехмети со порака до Бујар Османи: Оди во Мала Речица и побарај да биде поставено државното знаме!


Поради непочитувањето на забраната за зборување на мобилен телефон додека се управува со моторно возило, од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на Бујар Османи му била изречена казна за сообраќаен прекршок по законот за безбедност во сообраќајот.

Османи денес изјави дека не знаел дали МВР го казниле, но нагласи дека ќе ја плати казната.

„Тие се експертите, бидејќи е високо експониран овој случај можеме да го користиме како кампања за почитување на сообраќајните правила. Еве јас со задоволство ќе се вклучам и во оваа кампања. И се разбира би платил секаква казна што ја пишале институциите иако јасно се гледа во видеото дека возилото е застанато во целиот период додека трае разговорот“, изјави Бујар Османи, пренесува „Фокус“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг