Османи лично ја проверува двојазичноста: До каде е таблата со албански јазик?

Точка

16/09/2019

11:44

4.934

Големина на фонт

а а а

Бујар Османи започна деновиве лично да врши проверка дали институциите низ Македонија започнале да ги менуваат таблите и да го вклучуваат албанскиот јазик.

Вицепремиерот за европски прашања на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави видео на кое тој, заедно со Илбер Села ги проверуваат сите табли на институциите низ државава.

Османи забележа дека на Агенцијата за администрација таблата е само на македонски јазик, па веднаш му се јави на директорот за да го праша кога ќе биде напишано и на албански јазик.

„Бујар Османи е на телефон, како сте директоре? Сакав да те прашам, тука сум пред институцијата, гледам дека таблата е еднојазична. Каков е планот за менување? Вчера требало да ја добиете, имало грешка во буквите. Подобро е што сте ја вратиле, за да нема грешка, тоа е полошо. Комуницирате со Агенцијата за јазици? Е така. За да ви помогне во дефинирање. Добро. Готово“, му вели Османи на директорот на Агенцијата за администрација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг