Замир Мехмети со порака до Бујар Османи: Оди во Мала Речица и побарај да биде поставено државното знаме!

Точка

17/09/2019

23:50

12.635

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот за европски прашања и еден од првите луѓе во ДУИ, Бујар Османи деновиве лично вршеше проверка дали институциите во државава започнале да поставуваат двојазични табли.

Сепак, обиколката на институциите од Бујар Османи наиде и на критики, а еден од критичарите е поранешниот активист од Шарената револуција и актуелен советник на генералниот секретар на СДСМ, Замир Мехмети.

Не пропуштајте: Османи лично ја проверува двојазичноста: До каде е таблата со албански јазик?

Според Мехмети, Османи собира само политички поени и го повика вицепремиерот за европски прашања да го постави македонското државно знаме и во Мала Речица, односно во седиштето на партијата ДУИ, доколку навистина се залага за спроведување на законите во Македонија.

„Убаво е тоа што вице премиерот за европски прашања оди во инспекција по институции за да види дали се спроведува законот за двојазичност.

Ќе беше уште поубаво ако текстот со видеото беа преведени и на македонски, пошто нели се залагаме за спроведување на закон..

А најубаво ќе беше и да отидеше до мала Речица за да побара конечно да биде поставено државното знаме, а не вака селективно да брка ситни политички поенчиња.

Или се бориш за вистински спроведување на закон, или вака си се брукаш себеси и партијата трето нема!“, напиша Замир Мехмети на својот профил на „Фејсбук“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг