Контроверзна изјава на фудбалски аналитичар од Италија: Фрлете му десет банани на Лукаку и…

Дерби

16/09/2019

16:48

1.789

Големина на фонт

а а а

Навистина контроверзна изјава даде искусниот италијански телевизиски аналитичар, Лусијано Пасирани кој посочи како може да се запре Ромелу Лукаку.

80 годишниот Пасирани, без влакна на јазикот истакна дека Лукаку може да се запре само ако некој му даде десет банани за тој да ги изеде. Оваа изјава веднаш беше разбрана како расистички напад врз белгискиот фудбалер на кого ова не му е прв пат да биде навредуван на ваков начин.

За волја на вистината, Пасирани зборуваше само позитивни работи за Лукаку и дека тој е најголемо засилување на Интер, а изјават асо бананите веројанто ја кажа без да промисли што зборува.

Тоа го кажа и директорот на шоуто „Qui Studio a Voi Studio“ во кое беше изјавено ова, Фабио Равецани и посочи дека Пасирани се извинил на крајот. Сепак тоа не било доволно, па тој добил суспензија и веќе нема да се јавува како стручен аналитичар на ова шоу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг