Матиќ не издржа и јавно прозборе: Секако дека сум фрустриран, тренерот…

Дерби

16/09/2019

11:51

1.162

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ истакна дека е се повеќе фрустриран со малата минутажа што ја добива од тренерот, Оле Гунар Солскјер.

Српскиот фудбалер имаше редок старт на средбата против Лестер, но тој се должеше на повредата на Пол Погба. И покрај тоа Матиќ не го издржа целиот натпревар на теренот па кон средината на вториот дел беше заменет и ослободи место за Фред кој веднаш ја освежи играта.

31 годишниот фудбалер истакна дека е фрустриран со моменталната минутажа во клубот, но посочи дека ќе се труди да му докаже на Солскјер дека тој заслужува почесто да се наоѓа во стартните 11.

– Секако дека е фрустрирачки. Сакам да играм, секогаш го давам максимумот за тимот. Тренерот е тој кој го избира тимот, а кога сте на клупата не сте среќни, но јас се трдам да му го променам размислувањето за да може да ме избере да играм, изјави Немања Матиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг