Мислите дека слободните играчи се бесплатни? Посредниците добиваат неверојатни бројки...

Точка

11/09/2019

20:32

476

Големина на фонт

а а а

Ова лето беа реализирани стотици трансфери, а огромна сума на пари покрај клубовите кои што ги продаваа своите фудбалери заработија посредниците, односно агентите на фудбалерите.

Можеби звучи неверојатно, но само во текот на летниот преоден рок оваа година, на агентите и најразлични посредници во трансферите им се исплатени речиси половина милијарди евра како провизија.

Како што пресмета Inside World Football, користејќи го FIFA TMS (трансфер меч ситем), агентите и посредниците во текот на летото заработиле 487,2 милиони евра.

Тоа значи дека агентите играат огромна улога во трендот на астрономскиот раст на цената на фудбалските трансфери во последно време. Бројката која што ја инкасирале агентите драстично порасна во однос на минатогодишниот летен преоден рок, а 64,9% од нешто повеќе од 478,2 милиони евра ги исплатиле клубовите кои што ги купувале играчите.


Иако во последно време во тренд е доведување на таканаречените „бесплатни играчи“ на кои што им истекува договорот, таквите ангажмани на фудбалери се далеку од бесплатни.

Имено, значаен дел од речиси половина милијардите евра е исплатен во облик на провизии за агенти и посредници во трансферите на слободните играчи.

Во тие случаеви клубовите се натпреваруваат за потпис, а во обид да се убеди играчот да потпише му се нуди голема плата, но и на неговиот агент му се нуди исто така огромна провизија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг