По што ќе го паметат летово дел од нашите музички ѕвезди?

Точка

11/09/2019

10:37

3.982

Големина на фонт

а а а

Кај некој се снимал филм дома, да шетање во Хрватска, Англија и како што вели наше море, некој одбележува 25 години во својот бенд, некој и дал нова димензија на љубовта, а некој концертирал и снима спотови. Се на се „жешко“ лето кое ќе се памети за Тања Царовска, Пеце Суперхикс, Александар Белов и Алкесандар Ристовски –Принц.

Првиот дел од летото на Тања Царовска и бил впечатлив по тоа што во нејзиниот дом неколку дена се снимал играниот филм „Стела“, филм за пријателство помеѓу дете и шарпланинец. Патувањата следеле во август:

- Сè до август никаде не отидов, мирот и спокојството во полупразното Скопје како и тишината каде што живеам ми овозможи да се посветам на работа на нов материјал, a навечер уживав во прошетките на Водно со моите дете и куче . Последниот дел ми беше во патувања, во прекрасната Истра, Хрватска, Англија и на Егејско Море, кое јас си го викам наше море-раскажува Царовска.

Покрај низата настапи ова лето Пеце Суперхикс, одбележува 25 години ангажман во групата многу патувања ова лето, а ако зборуваме за училишни обврски имаат прваче во семејството:

- Летово ќе го паметам по одбележувањето на првите 25 години на работа на мојот матичен бенд Суперхикс, по настапите во Хрватска, Србија и турнејата во соседна Бугарија. Секако, тука беа и настапите во Македонија на Д фестивал и во Охрид. Помеѓу сите обврски со настапите, емисијата на Урбан ФМ и пар други проекти секако најдов време и за понекое патување со семејството. И да! Ќе заборавев.. Специјално одлетав до Берлин да го видам бендот на мојата младост The Mighty Mighty Bosstones. Концерт за незаборав! А сега.. Да им се вратиме на "училишните обврски". Маша ни стана прваче, а Никола го чекаат предизвиците на 6-тото одделение.


Ова лето секако дека ќе го помни цел живот Александар Белов, бидејќи врската со неговата девојка Јелена Станковиќ, доби нова форма:

- Ова лето ќе го паметам по запросувањето на мојата девојка- вели тој.

 

Жешко работно лето за Александар Ристовски-Принц, од кого наскоро ќе можете да очекувате два нови спота, едниот за композиција од новиот албум, а другиот за макфестовската каде ќе настапат заедно со Дексо.Сепак, ако треба да издвои по што ќе го памети ова лето тоа е следново:

- Ова лето сепак му припаѓа на концертот во Епицентар со проектот Femme Fatale кој го работев заедно со Ѓоко Максимовски, Дино Милосавлевиќ, Сара Мејс, Светлана Јовановска, Тања Тас, Кали, Илина Лазаревска и Стефанија Ристовска.

 


(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг