Палата цела од злато, 35 соби и препознатлив кров: Ова е милионската вила во која живеел контроверзниот африкански лидер

Точка

08/09/2019

14:59

20.082

Големина на фонт

а а а

Веста за смртта на поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, еден од најнемилосрдните диктатори на модерното време го обиколи светот.

Со таа афричка држава тој владеел 37 години. Бесот во јавноста го предизвикал и поради неговата помлада сопруга Грејс која многу сакала да ужива во луксузот. Времето многу често го поминувале во вилата “Син покрив“, а интересно е тоа што за градење на таа вила била ангажирана српска фирма.

Имотот се простира на 17 хектари, на само 25 километри од главниот град Хараре.

Ентериерот е инспириран од кинескта архитектура, а странските медиуми пренесуваат дека само градењето на објектот чинело околу 3.75 милиони евра, додека пак вкупната вредност на вилата се проценува на околу 7.5 милиони долари.

Целиот имот е заштитен со повеќемилионски радарски систем. Според бојата на кровот често ја нарекуваат “Син покрив“ или “Сина куќа“. Скапоцениот син покрив увезен е од Шангај.

Внатрешноста на вилата првпат е претставена на јавноста во 2010-та година пред венчавката на Боне Мугабе, ќерката на диктаторот. Пет милиони вредна свадбена забава одржана била токму во вилата.

Грејс Мугабе лично учествувала во опремувањето на домот.

Недалеку од палатата која ја изградиле се наоѓа уште еден имот во кој семејството Мугабе вложиле милиони долари. Станува збор за луксузната вила „Грејсленд“ кое името го добила по сопругата на Мугабе.


Позајмицата за градење во висина од 500.000 долари, првата дама на Зимбабве ја добила од владата на таа држава, а кога се утврдило дека станува збор за нелегално земјиште тогаш таа ја продала вилата на бизнисмен од Либија за три милиони евра и целиот профит го задржала за себе.





Спонзорирани линкови

Маркетинг