Британскиот премиер Борис Џонсон го изгубил мнозинството во парламентот така што еден пратеник насред неговиот говор преминал на спротивната страна, онаа на која седи опозицијата.
Станува збор за конзервативниот британски пратеник Филип Ли.
Седнал меѓу опозициските либерални демократи пред пресметката во парламентот меѓу конзервативната влада на Борис Џонсон и побунетите конзервативци.
Тие, заедно со опозицијата, се противат на Брегзит без договор.
Ли седнал меѓу опозиционерите додека Џонсон се обраќал на парламентот, со овации од опозициските пратеници.
Инаку, претседателот на долниот дом на британскиот парламент - Претставничкиот дом, Џон Беркоу, одобрил вонредна расправа за Брегзит која ја предложиле пратениците кои се обидуваат да пронајдат за избегнување на излегување од земјата од Европската унија без договор.