[ВИДЕО] Градат град само за бели луѓе: Изолирани во шума, не сакаат мигранти и сакаат да ги учат децата според сопствени правила – Сонуваат за „нов Хитлер“

Точка

30/07/2025

21:25

4.336

Големина на фонт

а а а

Длабоко во шумите на американскиот Арканзас никнува „град“ кој не е отворен за секого. Напротив – во него нема да бидете добредојдени ако не сте од бела раса. На 160 хектари, опкружени со бодликава жица и шумски патишта, се гради заедница што отворено се претставува како „место за белци“.

Се нарекува „Return to the Land“ („Враќање на земјата“), но не станува збор за обична еко-заедница. Ова е, како што велат основачите, „намерно општество засновано на заедничко потекло“ – а тоа заедничко потекло, како што отворено признаваат на социјалните мрежи, е белата боја на кожата.

Водачот на оваа заедница, Ерик Орвол, во видеа порачува: „Сакате бела нација? Изградете бел град. Тоа може да се направи. Ние го правиме тоа.“

@nbcnews Inside the Ozark hills in #Arkansas ♬ original sound - nbcnews


Додека десетици мажи поставуваат столбови и го оградуваат имотот, децата учат во „училиште“ без државни наставни планови, жените подготвуваат храна, а нови членови од целиот свет плаќаат за да станат дел од оваа изолирана структура.

Во центарот на местото се наоѓа заеднички дом, бунари и пат до уште три идни локации. Сè е дел од голем план – да се формира низа етнички „чисти“ населби ширум светот.

На платформата „X“ (поранешен „Twitter“), оваа група не ја крие својата мисија: „Основавме заедница само за белци.“ На „Telegram“ споделуваат нацистички симболи и пораки, а меѓу членовите кружат кодови како „1488“ – кои го слават Хитлер и идеологијата на белата надмоќ.

Самиот Орвол зборува за „нов Хитлер“ кој треба да се појави.


„Не мислам дека некој треба да започне нов холокауст, туку дека треба да се појави лидер кој ќе ги брани интересите на белците“, објаснува тој.

И додека експертите се сомневаат дека нивното „приватно членство“ е доволен штит од законите што забрануваат дискриминација, оваа заедница веќе постои. Тие живеат изолирано, далеку од остатокот од општеството, со намера никогаш повеќе да не се вклопат во „мешано општество“.

Планот им е едноставен – да станат пример. „Ова е само почеток“, вели Орвол. „Создаваме модел што ќе може да се копира било каде.“