Лична навреда и шлаканица за Путин: Русите згрозени од одбележувањето на 80-години од Втората светска војна

Точка

02/09/2019

16:25

7.405

Големина на фонт

а а а

Недоаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин на одбележувањето на 80-години од почетокот на Втората светска војна во Варшава во текот на вчерашниот ден е во центарот на руската јавност.

Тоа што од еден таков настан изостана Путин во Русија е сфатено како лична навреда, затоа што главниот историско-политички наратив во Русија е дека Русите се најзаслужни за победата над нацистичка Германија. Русите тврдат дека дале најмногу жртви во војната, се споменуваат бројки од 20 милиони жртви, иако на пример властите од Киев, тврдат дека 15 милиони од нив биле Украинци.

„Да не се повика земјата која што ја слободи Европа од фашизмот е најобично политиканство. Повикани се Германија и нејзините сојузници, а не земјите членки на антихитлеровската коалиција. Да се одбележи почетокот на Втората светска војна без Русија, на едно такво одбележување му дава второстепенско значење“, истакна генералот Леонид Шевцов.


Полјаците објаснија дека ги повикале своите сојузници од Европската унија, НАТО и од „Источното партнерство“, во кое што се наоѓаат неколку поранешни Советски републики - Украина, Грузија, Ерменија, Азербејџан и Белорусија. Инаку, на 70-годишнината, пред 10 години Владимир Путин беше еден од говорниците, но во последните 10 години многу работи се променија на мапата на светот.

Во Полска на власт дојде десно-конзервативната партија „Право и правда“ која ги заостри односите со Русија на Путин. Полскиот претседател во говорот на церемонијата не штедеше зборови.

„На 1-ви септември Полска беше нападната од Вермахтот, а на 17-ти септември, Советскиот сојуз, сојузникот на хитлеровска Германија исто така изврши напад. Полска исчезна од мапата на светот“, порача Дуда кој не пропушти да нагласи дека тогаш Нацистичка Германија и Советскиот сојуз ја поделиле и окупирале Полска и дека Русија исто така има дамка на своето минато поради тоа.


Од Москва тврдат дека пактот Молотов - Рибентроп (со кој беше поделена Полска, а трите балтички земји припоени на СССР) бил резултат на фактот дека Полска се откажала од членството во антихитлеровската коалиција. Од Варшава веднаш возвратија и порачаа дека тоа е „прекројување на историја“ и барање на оправдување за поделбата на Полска.

Полскиот претседател порача дека Полска во 1945-та година не била ослободена од Русите (во меѓувреме Русите тврдат дека за ослободувањето на Полска загинале над 600 илјади војници на Црвената армија), туку дека Полска се нашла под уште една, нова окупација, овојпат од Советите која траела до 1989-та година, кога како што вели Дуда, завршила Втората светска војна.

Анджеј Дуда не ја пропушти приликата да го спомене и ужасниот геноцид кој Советите го извршиле над Полјаците во Катинската шума, каде што биле егзекутирани десетици илјади заробени полски официри.

Иако Полјаците признаа дека размислувале да го повикаат Владимир Путин, тие се откажале, затоа што, како што вели потпретседателот на полската влада Јачек Сасин, невкусно е да биде повикан на годишнина од вооружена агресија на Полска, лидер на земја кој и денес со соседите се однесува на ист начин. Според Дуда, Русија денес претставува закана за избивање на нова војна, притоа споменувајќи ја руската агресија во Грузија и источна Украина, како и анектирањето на украинскиот полуостров Крим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг