Плачот на домородец од Амазонија го крши срцето: Ако треба ќе ја дадам и последната капка крв, само да ги спасам овие шуми

Точка

24/08/2019

11:05

4.093

Големина на фонт

а а а

Додека страшните пожари беснеат во Амазонската прашума, припадниците на автохтоното бразилско племе Мура се заколнале дека до последни сили ќе ја бранат својата земја.

Најголемата прашума на светот, Амазонија, моментално е складиште кое го забавува темпото на глобалното затоплување. Ја нарекуваат белите дробови на светот бидејќи, освен апсорпцијата на јаглерод-диоксид, обезбедува и 20 проценти од сите резерви на кислород. 

Во Амазонската прашума живеат околу милион домородци, а таа е дом за околу три милиони видови билки и животни.

"Ова е целосно уништување. Ако треба, ќе ја дадам својата последна капка крв за да ја спасам оваа шума. Сите овие дрвја некогаш биле живи и имале право на тоа. Сега луѓето сакаат да го уништат. Ние ќе се обидеме да го заштитиме ова подрачен, природата, дрвјата и животните", рекол Раимундо Мура, припадник на племето.

"Со години сме тука, додека немало струја и патишта. А сега секој ден се соочуваме со сечење на шуми и крадење на земја. Тажни сме што шумата постојано умира. Веќе сега забележуваме како се менува климата. На светот му е потребна оваа шума. Потребна ни е и нам и на нашите деца", навел Хадек Вакана Мура, исто така припадник на племето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг