Фолксваген планира да ја купи Тесла?

Точка

23/08/2019

16:33

2.751

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува “Manager Magazin”, шефот на Фолксваген групацијата, Херберт Дис планирал да ја купи Телса, или барем дел од познатата калифорниска компанија. Се тврди дека германскиот автомобилски гигант дефинитивно поседува финансии за еден таков потег.

Сепак, од Фолксваген набрзо ги демантираа тврдењата на споменатиот медиум: „Шпекулациите на “Manager Magazin” во врска со купувањето на дел од акциите на Тесла се неосновани“.

Според “Manager Magazin”, информацијата дека Дис е заинтересиран за купување на Тесла „протекла“ од страна на еден од највисоките раководители во компанијата. Извори од Фолксваген објасниле дека директорот Дис бил свесен до која мера Тесла е во предност во однос на батериите и софтверот, па затоа донел таква одлука.


Банкар поврзан со Фолксваген открил дека евентуалното издвојување на околу 30 милијарди долари за купување на Тесла не би било лесно да се оправда, освен ако Дис не има екстремна доверба во софтверските инжинери од Калифорнија.

Оваа вест, се разбира доколку навистина е точна, воопшто не изненадува, посебно поради тоа што технологијата на Тесла поврзана со батериите засега е без конкуренција на пазарот.


Фолксваген кој веќе чекори кон електрификацијата, јасно е дека премногу би искористил од технологијата на Тесла за унапредување на своите електрични автомобили во иднина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг