Има 1.600 коњски сили, чини 8 милиони евра и веќе е распродаден

Точка

19/08/2019

16:04

2.125

Големина на фонт

а а а

"Centodieci" е најновиот екстравагантен автомобил на "Bugatti", кој настанал како посвета на моделот "EB110" од 90-тите.

Бугати "пронашол" нова формула за добра заработка на ексклузивни автомобили кои се произведуваат во многу ограничени серии, а чинат вистинско мало богатство. Најновиот пример за ваквата работна политика е "Centodieci". 

Ако "EB110" бил раритет со 139 примероци, што да се каже за овој новитет чија планирана продукција има само 10 примероци - а сите веќе ги пронашле своите сопственици. И не само тоа, производниот план вели дека производството ќе трае цело пет години, односно планиран е ритам на испорака од само два автомобили годишно.

А тоа што овој модел го прави посебен, покрај оригиналниот дизајн, секако е 8.0 W16 моторот. Имено, моторот е темелно преработен, а епилогот е дополнителна инекција на сила од 100 коњски сили. Да, овој монструм сега испорачува 1.600 коњски сили.

Дополнителната сила значи дека од 0-100 километри ќе доаѓа за 2,4 секунди, до 200 km/h за 6,1 секунда, а 300 km/h ќе постигне за 7 секунди подоцна. И така се до електронски органичените 380 km/h.

Во "Bugatti" промениле и по некој дел од возилото, повеќе биле употребувани материјали од карбонски влакна, па автомобилот е за некои 20 килограми полесен од "Chiron".

Шефот на "Bugatti", Штефан Винкелман, по повод премиерата на моделот "Centodieci" во Пебл Бич во Калифорнија, изјавил дека овој новитет има подобра управливост, односно е подинамичен од "Chiron".




Спонзорирани линкови

Маркетинг