Први фотографии од аеродромот насред пустина: Оттука туристите ќе летаат во вселената, а цената на картите е вистинска ситница

Точка

19/08/2019

11:18

1.761

Големина на фонт

а а а

Кога богаташот Ричард Бренсон најавил дека неговата компанија "Virgin Galactic" ќе може да патува во вселената, многумина мислеле дека тоа нема шанси да се случи, но изгледа дека наскоро се приближуваме кон остварување на оваа револуционерна идеја.

Имено, компанијата открила како изгледа првата фаза од изградбата на внатрешноста на идниот аеродром, прв таков во светот, сместен во пустина во Ново Мексико. 

"Virgin Galactic" покажал две големи вселенски пристаништа, оперативен центар во кој се наоѓа контрола за лет, работно место за пилотите, центар за известување и приземјување во кое ќе има сала за патници, пријатели, семејства и работници на компанијата.

Некогаш празниот хангар во пустината ќе ги поврзува патниците со секој аспект од оперирањето, вклучувајќи и поглед на хангарот и вселенските возила, како и внатрешноста на контролата на летот.

Брендот е фокусиран на клиентите, па ни аеродромот не е исклучок, бидејќи тие се подготвуваат за тоа што службениците на компанијата го опишуваат како "неспоредливо искуство" и патување на нивниот живот. Кога патниците ќе можат да се пријават на првите комерцијални летови не е уште одредено, бидејќи и натаму е потребен одреден број на пробни летови.

"Ние сме првата компанија која изведе комерцијален вселенски лет со патник во задниот дел од леталото кој не е пилот - тоа е прв пат некој така да може да стане од своето седиште и да плови по кабината. Имаме уште малку да работиме пред да дојдеме до комерцијалните услуги", рекол извршниот директор на компанијата, Џорџ Вајтсајдс.

Милијардерот Ричард Бренсон, основач на "Virgin", и поранешниот гувернер на Ново Мексико, Бил Ричардсон, прв пат ги спомнале плановите за вселенскиот брод пред речиси 15 години. Оттогаш имало одложувања на изградбата и надминувања на буџетот- развојот на вселенскиот брод "Virgin Galactic" се оддолжил повеќе од очекуваното, а ситуацијата закочила кога првото експериментално летало се распаднало на пробниот лет во 2014-та, кога загинал копилотот.

Додека критичарите укажуваат на тоа дека проектот е беспотребен, неговите поддржувачи велат дека од почетокот се знаело дека ќе биде тешко и понекогаш скапо.

"Virgin Galactic" на почетокот на оваа недела на социјалните мрежи објавил дека нивната главна оперативна база сега е во вселенскиот аеродром, додека Бренсон истакнал дека е завршено крилото на нивната следна ракета.

"Ново Мексико е на пат да стане едно од малкуте места на оваа прекрасна планета кое редовно ќе лансира луѓе во вселената", рекол главниот пилот Дејв Мекеј.

Екипажот во претстојните денови ќе симулира лансирни мисии за да се осигури дека се оди според план. Како што се наведува, досега околу 600 луѓе резервирале своја карта за единственото патување, по цена од 250.000 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг