Таа прави сендвичи и пере алишта, а тој лета во вселената – зошто е забранета оваа реклама?

Точка

17/08/2019

16:56

3.864

Големина на фонт

а а а

Volkswagen се прилагодува на пазарот на електрични автомобили, но не и кон новите прописи за рекламирањето.

“Кога ќе се научиме да се прилагодуваме, можеме да постигнеме било што”, е мотото на новата реклама на автомобилската компанија во која се промовира електричниот eGolf. Видеото во прв план ја става актуелната електрификација на автомобилите и спремноста на германскиот произведувач да ги следи промените во авто-индустријата, но сугерира дека и купувачите мора да се адаптираат на новите погонски решенија во своите возила. 

Меѓутоа, изгледа дека Volkswagen недоволно се прилагодил кон новите прописи во областа на маркетингот во Велика Британија, со оглед на тоа што рекламата е забранета бидејќи во неа, како што се тврди, се користат родови стереотипи.


Имено, законот кој беше усвоен ова лето забранува користење на родови предрасуди во рекламите, како оние дека “жените не знаат да возат, а мажите не се добри во пресоблекување на детето”.

Во рекламата, помеѓу останатото, прикажана е женска личност како припрема сендвичи, како и жена која става детергент во машина за перење алишта, додека астронаутите во сцената од вселената се исклучиво мажи. Параатлетичарот кој тренира скок во далечина е исто така маж, а бебето во количката повторно го чува жена.

Дали рекламата е оправдано забранета или не, проценете сами:



Спонзорирани линкови

Маркетинг