Јапонско совршенство без мани на четири тркала

Точка

16/08/2019

13:36

1.926

Големина на фонт

а а а

"Acura", луксузниот подбренд на јапонска "Honda", подготвува враќање на лимузината Type S меѓу своите модели.

Type S Concept е најава за седан на иднината со спортски карактеристики, односно како би можела да изгледа наредната генерација на моделот TLX. 

Носечкиот аголен дизајнерски стил на моделите NSX и RDX на "Acura", Type S, има нагласен спортски изглед, пред се поради големите вовлекувачи на воздух на предниот дел.

Долгата хауба и кратката задна врата на багажникот се карактеристични за класичниот изглед на спортскиот седан автомобил.

Деловите како предните LED светла со четири елементи, дневните светла со остри рабови, петоаголната решетка на предната маска ќе бидат составен дел и кај останатите "Acura" модели.

Освен што има 21-инчни алуминиумски бандажи со "Pirelli" пневматици и "Brembo" кочничка клешта со четири клипа, нема детали перформансите на возилото.

Минатата година е најавено дека новиот Type S ќе добие нов V6 турбо-агрегат со погон на сите четири тркала. "Acura" концептот "Type S" ќе го претстави на саемот во Монтреал на 15-ти август.

"Acura" ја произведувала Type S од 2001-ва до 2008-ма година. Првиот модел CL (2001-2003) имал 3,2-литарски V6 со 260 коњски сили и шестостепен мануелен менувач.

"Honda" во 1986-та го направила подбрендот "Acura" наменет за американскиот пазар на луксузни автомобили. Успехот на моделот "Legend" ги натерал конкурентите од "Toyota" и "Nissan" да ги направат своите луксузни подбрендови "Lexus" и "Infinity".

Со моделот "NSX", егзотичен спортски автомобил со централно поставен модел, "Acura" од 1990-та година била практична и доверлива алтернатива за скапите европски спортски автомобили како "Ferrari" и "Porsche".




Спонзорирани линкови

Маркетинг