Падна маската на Путин: Рускиот претседател целосно се “стопил“ пред оваа мала балерина и паднал на колена пред неа

Точка

14/08/2019

18:30

5.243

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин ретко или речиси никогаш не сме го виделе вака расположен и распеан.

Путин едноставно се “стопил“ пред овие мали балерини и паднал на колена пред најмладата од нив бакнувајќи ѝ ја раката.

Рускиот претседател се запознал со идните балерини, децата кои се избрани за упис на престижната Академија за кореографии во Севастопол.

Поводот за посетата било отворањето на Меѓународниот фестивал за опера и балет во античкиот Херсонес како и отворање на новата зграда на Академијата која се наоѓа во близина на театарот.

Новите ученици на крајот од наредната школска година ќе имаат и претстава. На состанокот присуствувала и потпретседателката Олга Голодец. Го запознала претседателот со напредокот во создавање на културен, образовен и музеен центар во Севастопол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг