Космосот не настанал како што мислиме!?: Теоријата за големата експлозија доби нова димензија која ќе ве запрепасти сите!

Точка

14/08/2019

15:23

4.479

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата позната како Метузалем, а чие научно име е HD 140283 оддалечена е околу 200 светлосни години и ги збунува научниците.

Научниците ја открија ѕвездата за која веруваат дека е постара од универзумот со што теоријата за големата експлозија е ставена во прашање.

Се верува дека универзумот настанал пред околу 13.8 милијарди години кога малата точка се проширила во дел од секунда. Теоријата за големата експлозија важеше за веродостојна во поголем период од сто години откако белгискиот физичар Жорж Леметр во 1927-та година првпат ја изнел тезата дека ширењето на универзумот може да се следи наназад сè до една единствена точка.


Меѓутоа, усвоениот модел ставен е под знак прашалник затоа што група научници откриле ѕвезда која веројатно е постара од космосот.

Ѕвездата позната како Метузалем оддалечена е околу 200 светлосни години и ги збунува научниците. Анализата покажала дека има многу ниско количество железо од што може да се заклучи дека настанала во периодот кога го немало многу во космосот.

Врз основа на тоа, утврдено е дека ѕвездата е стара 14.5 милијарди години што значи околу 0.7 милијарди години постара од космосот.

„Тоа е загатка од универзумски размери: Како е можно во универзумот да постојат ѕвезди постари од самиот него? - се запрашал британскиот физичар Роберт Метјуз.




Спонзорирани линкови

Маркетинг