Последниве денови кога температурите се неподносливи, веројатно многу потешко заспивате, а постојат неколку совети кои може да ви ја намалат непријатноста.
Не мора секогаш да користите клима за да се разладите, применете некој од овие совети:
Ставете го вентилаторот така што вашиот кревет да биде помеѓу него и прозорецот.
Дозволете си и себе и на креветот да дишете. Тенките и лесни чаршафи се најдобро решение за летните горештини.
Заменете ја вашата мека и голема перница за малку поцврста. Раскошните меки перници само ја впиваат топлината од главата.
Ако спиете облечени, нека биде тоа лесна, широка памучна маица.
Обидете се да заспиете со мокра коса.
Спијте на понизок спрат или на под. Колку што сте пониско, толку ќе ви биде поладно.
Наполнете обично пластично шише со вода и замрзнете го.
Намокрете и замрзнете пешкир.
Пред вентилаторот ставете сад наполнет со лед. Внимавајте само на струјата.
Оптегнете морнарска мрежа, за воздухот да кружи околу целото тело.