Оваа дупка во Сибир е толку многу голема што може да “проголта“ цел хеликоптер: Од неа се вадени скапоцени дијаманти!

Точка

11/08/2019

11:38

7.840

Големина на фонт

а а а

„Google Earth“ открил дека ова е една од најубавите дестинации ширум светот. Големата дупка воочена е кај градот Мирниј во рускиот сибирски регион Јакутиј. Се зборува дека дупката е толку многу длабока што може да “проголта“ хеликоптер поради силниот воздушен вртлог, пишуваат од британскиот „Express“.

Јамата е отворена во експлоатација  на рудникот Свет од 1957-та година, откако советските научници пронашле огромен дијамант во земјата. Меѓутоа, поради екстремните климатски услови, што значи дека земјата е замрзната во поголемиот дел од годината и опремата смрзнува и копањето е отежнато. Во текот на зимата температурата се спушта и до -50 степени, а најблискиот град е оддалечен на околу 250 километри.


Во текот на 60-те години рудникот давал 10 милиони карати дијаманти годишно. Според Би-би-си, рудникот Свет до денес произвел дијаманти во вредност од околу 10 милијарди фунти. Рудникот е длабок 525 метри што го прави четврти најдлабок на светот, а отворот на површината е во пречник од 1.200 метри.

Наводно воздушниот простор над рудникот е затворен за летови. Веб страницата „Atlas Obscura“ тврди дека причината за тоа се “неколку инциденти во кои леталата биле “проголтани“ поради воздушната струја“.

Иако немало извештаи за несреќите, објаснувањето за воздушните вртлози имаат смисла затоа што топлиот воздух кој излегува од јамата се сретнува со ладен воздух. Тоа може да предизвика хеликоптерите да не можат да го прелетаат рудникот, односно да предизвика губење на висината над самата дупка.


Рудникот бил затворен во 2004-та година, а производството престанало три години претходно. Иако отвореното копање престанало со работа, експлоатацијата во подземјето и понатаму трае. Минатата година во рудникот се појавила вода и оневозможила излез на 100 рудари.

Четворица од рударите поради тоа не можеле да бидат пронајдени. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг