Идеален хотел за сите љубители на вино: Дали и вие би спиеле во буре за вино!?

Точка

06/08/2019

14:50

3.192

Големина на фонт

а а а

Засбахвалден, село во германската покраина Баден-Виртенберг, познато е по планинарење и по лозјата. Ова место спаѓа во оние кои не смеете да ги пропуштите доколку се наоѓате во Шварцвалд.

Посебна магија дава чувството кога лежите во винските буриња, љубезниот домаќин ќе дојде и ќе ви донесе вино како најдобар начин да се запознаете со Засбахвалден.

Името на необичниот хотел значи “спиење во буре за вино“, а тие буриња некогаш се користеле за складирање вино од околните лозја.

Постојат шест “соби“, а секоја се состои од две буриња - “спална соба“ во едното и “дневна соба“ и бања во другото.

Во бурињата од 8.000 литри може да се престојува и во текот на зимските денови затоа што имаат вградено греење, пишуваат од „The Sun“.

Пред винските буриња се наоѓаат камени тераси, со маса и столчиња па гостите на овој хотел можат да уживаат во оброците и виното со поглед кој се протега низ долината.

Од секое буре можат да се видат виновите лози, а и да се проба домашен производ од локалните винарии. Секој гостин добива по едно шише вино за добредојде, а традиционалните оброци, семејството кое го води хотелот, им ги носи на гостите до нивната врата.

Во Засбахвалден постојат и тури со водач по лозјата, а во октомври се одржува и годишниот Винскиот фестивал.

Вакви необични хотели се многу популарни помеѓу љубителите на вино. Освен во Германија вакви хотели можат да се најдат и во Холандија, Португалија, Шпанија, Австрија, Словенија...

И со секој ден се сè повеќе барани поради задоволството кое нивните гости го имаат. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг