Најпростиот тест може да открие колку години навистина имаме: „Ако не сте во состојба пет секунди да го правите ова, а немате повеќе од 70 години – обратете се на лекар“

Точка

31/10/2024

17:00

1.398

Големина на фонт

а а а

Научниците сугерираат дека еден критериум може да ја открие возраста на нашиот организам. Студијата „Age-related changes in gait, balance, and strength parameters: A cross-sectional study“, објавена во „PLOS One“, говори за тоа како возраста влијае на нашето одење, рамнотежа и сила.

Истражувачите набљудувале 40 здрави луѓе на возраст над 50 години (од кои половина биле постари, а половина на возраст под 65 години).

Учесниците во истражувањето направиле тест за рамнотежа, стоеле на одредена површина и се мерело колку долго можат да стојат на едната нога со отворени и затворени очи – и тоа варирало во зависност од возраста. Откриено е дека силата на стисокот на раката исто така се намалува со текот на времето, како и силата на коленото во помала мера.


„Параметрите на одењето не се менуваа со возраста“, додале истражувачите. Меѓутоа, времето на стоење на едната нога е најмногу поврзано со стареењето, имено со силата и рамнотежата.

Имало прилично остар пад кај луѓето над 65 години, при што помладите учесници можеле да ја држат позицијата речиси 10 секунди, а некои постари се мачеле да застанат на едната нога подолго од две секунди.

„Овие откритија сугерираат дека времетраењето на унипедалниот став (стоење на една нога) може да послужи како сигурна и независна од полот мерка за невромускулното стареење и кај постарите мажи и кај жените“, заклучува студијата.

Истражувачите пишуваат дека должината на стоењето на едната нога „е сигурна мерка за слабост, независност и статус на пад и се покажала дека е корисна алатка за идентификување на пациенти со периферна невропатија“.

Стоењето на едната нога бара сила, рамнотежа и контрола, па се претпоставува дека оваа способност најбрзо опаѓа. Сепак, тие додаваат дека овој параметар допрва треба да се истражи, според „huffingtonpost.co.uk“.


Со оваа тема се занимавале и истражувачи од клиниката „Mayo“ и според нивното мислење, балансирањето на едната нога ја покажува кревкоста на вашите нерви, мускули и коски. Зголемената изнемоштеност или слабост го зголемуваат ризикот од бројни здравствени проблеми: инфекција и побавно закрепнување по операцијата.

Неколку студии се занимаваа со тест на рамнотежа, така што референтните вредности се наведени како:

• Луѓе на возраст од 18 до 39 години – 43 секунди на една нога.

• Возрасна група од 40 до 49 години – најмалку 40 секунди.

• По 50-тата година, времето на балансирање драстично опаѓа и изнесува девет секунди.

• Луѓе над 60 години – 7 секунди.

• Луѓе над 70 години – 4,5 секунди.

• Луѓе над 80 години – 2,6 секунди.

Д-р Кентон Кауфман вели дека луѓето кои не можат да стојат на една нога повеќе од пет секунди може да бидат изложени на ризик од чести падови.


„Доколку не можете да стоите на една нога дури ниту пет секунди, ве советувам веднаш да одите на лекар. Неможноста да се одржи рамнотежа може да биде симптом на проблеми со срцето или мозокот, како што се деменција, мозочен удар или Паркинсонова болест. Недостатокот на рамнотежа може да исто така да биде предизвикан од несакани ефекти од лековите“, вели овој експерт, пишува „The Sun“.

Одржувањето на рамнотежа на едната нога е показател за функцијата на мозокот, координацијата на движењата и циркулацијата на силата на мускулите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг