Изгледа како божица, а трча како молња: Ова е Далила, голема американска ѕвезда и нова светска рекордерка

Точка

29/07/2019

18:47

4.527

Големина на фонт

а а а

Американската атлетичарка Далила Мухамад продолжува да доминира во дисциплината 400 метри со пречки.

Преубавата Далила има олимписко злато, а сега на американското првенство во атлетика го срушила светскиот рекорд кој од 2003 година го држела Русинката Јулија Печонкина. Мухамад ја истрчала патеката за неверојатни 52,20 секунди и најавила “напад” на златото и на Светското првенство во Доха. 

“Шокирана сум”, рекла Далила по одличното достигнување.

“Овој рекорд нема долго да трае. Доколку повторно не го срушам јас, ќе го сруши некоја друга атлетичарка”, додала 29-годишната Американка.

Далила често ги споделува своите фотографии на социјалните мрежи, но никогаш не објавува разголени фотографии иако има и тоа како што да покаже. Сепак, скромноста е доблест...