Солскјер за потегот на Јунајтед: Не знам како можеа да го продадат

Дерби

05/05/2025

13:42

1.055

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер е легенда на Манчестер Јунајтед, но и тој со своите квалитети, знаење не успеа да го врати клубот онаму каде што сите посакуваа, врвот во Англија и Лигата на шампионите.

Норвежанецот сега го предводи турскиот прволигаш Бешикташ, меѓутоа тоа не значи дека не ги следи случувањата во поранешниот клуб. Токму Оле не може да разбере еден потег на управата, а тоа е продажбата на Скот Мектиминеј кој сега е клучен играч на Наполи, ас кој дефинитивно ќе биде меѓу најзаслужните ако калчолигашот ја задржи сегашната позиција и стане првак на Италија.

- Скот и Фред заедно, беа момци на кои секој ден даваа по 100 проценти. Како можеш да го продадеш Скот, не ми е јасно, - истакна Солскјер кој говореше и да други играчи кои трпеа/трпат големи критики.

- За мене, Хари (Мегваер) отсекогаш бил лидер и борец. Никогаш не се сомневав во одлуката да го доведеме и знаев дека тој ќе биде наш капитен штом влезе низ вратата. Има уште еден капитен, Бруно (Фернандеш). Тие се двајца врвни луѓе, им посакувам се најдобро. Мислам дека од нив и од Виктор (Линделоф) слушнав само вести откако го напуштив клубот. Тие заслужуваат се најдобро, -рече некогашниот голгетер на тимот од „Олд Трафорд“.