УЕФА ги одреди судиите за полуфиналните реванши на „Џузепе Меаца“ и „Паркот на принцовите“

Дерби

05/05/2025

14:09

387

Големина на фонт

а а а

Утре и задутре се играат реванш натпреварите од полуфиналето на Лигата на шампионите што значи дека ќе ги добиеме финалистите за оваа сезона во елитното европско натпреварување.

Милано и Париз ќе бидат во фокусот, а УЕФА веќе ги одреди арбитрите кои треба да се погрижат се да мине во најдобар можен ред на „Џузепе Меаца“ и „Паркот на принцовите“.

Битката меѓу Интер и Барселона ќе ја суди можеби и најдобриот арбитар на светот Симон Марчинијак. Останатите судии исто доаѓаа од Полска, додека главен во ВАР собата ќе Денис Хинглер од Холандија.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Арсенал ќе го води Феликс Цвајер, искусен судија за кого знае да има поделени мислења во јавноста.

На Цвајер ќе му помагаат сонародноците, а вреди да се напомене дека главен за ВАР ќе биде Бастијан Данкерт.