Годинешниот Првомајски турнир Визура 2025 беше уште една значајна страница во историјата на младинската кошарка во регионот. Организиран од страна на Кошаркарската академија Визура во Белград, Србија, овој турнир традиционално се одржува околу Први мај и привлекува млади таленти од различни земји.
И Македонија беше една од земјите учеснички, а нашите талентирани момчиња од КК Феникс 2010 успеаја да нè направат навистина горди.
Точка доби ексклузивна изјава од Дамјан Саздов, тренерот на овој македонски прволигаш
„На турнирот учествувавме со 4 генерации од најмала возраст до 12 години и помали, до 14 години и до 18 години. Нашиот клуб традиционално секоја година учествува во Мајскиот турнир Визура повеќе од 10 години, каде доаѓаме да си ги одмериме силите со сите екипи од цел Балкан и Европа, како што се: КК Мега Визура, КК Горица, КК ЦСКА Москва итн. Овојпат нашата екипа до 14 години го освои првото место, победувајќи ја екипата од Словенија, КК Горица. Екипата до 16 години го освои третото место.“
Им посакуваме уште многу успеси во понатамошните предизвици.