Путин ја повтори подготвеноста за конструктивен дијалог со ЕУ

Макфакс

17/07/2019

14:49

1.001

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин испрати порака со честитки до Урсула фон дер Лејен за нејзиниот избор за претседател на Европската комисија, објави прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.

„Шефот на државата изрази уверување дека огромното политичко искуство на Урсула фон дер Лејен и меѓународниот статус ќе придонесат за конструктивната работа на Европската комисија и ќе придонесат за враќање на еднакво и заемно корисно партнерство меѓу ЕУ и Русија”, се вели во соопштението.

„Путин потврди дека Русија е подготвена за конструктивен дијалог со Европската Унија за итните политички, економски и хуманитарни прашања”.

Поранешната германска министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен, беше избрана за претседател на Европската комисија во вторникот. За неа гласаа 327 члена на Европскиот парламент, 327 гласаа „против“, а 22 се воздржаа од гласање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг