Ѕирнете во новиот егзотичен Mandarini Oriental хотел на езерото Комо

Точка

17/07/2019

14:16

2.154

Големина на фонт

а а а

Влезот во хотелот Mandarin Oriental Lago di Como ист е како кога ова место било познато како CastaDiva, поминувате низ капијата на главниот пат, а потоа се спуштате надолу поминувајќи покрај викендичка и вила, се додека не дојдете до Villa Roccabruna, имот од 19-от век кој некогаш било дом на оперската пејачка Џузете Пасте.

Сепак штом поминете низ новата застаклена стуктура, веднаш може да претпоставите дека се наоѓате на многу поразлично место.

Одморалиштето CastaDiva некогаш имало театрален декор, тешки плишани завеси и фотелји со темни тонови на скапоцености. Но, Mandarin Oriental дизајнерите сето тоа го промениле и внеле нова светлост во ентериерот со неутрални бои и мермер за да ги акцентираат убавите детали на секоја соба, интригантните гипсани елементи. Сега сите соби се отворени за уживање со прекрасен панорамски поглед кон езерото Комо.  


Mandarin Oriental исто така оставил свој печат на седумдесет и три соби и апартмани како и на две приватни вили, осветлувајќи ги нивните бои и додавајќи им современ изглед. Спа центарот додал славни Mandarin третмани како Oriental Qi масажи за ребаланс со ритуали како Power of Water и други. Физичкиот изглед на спа центарот засега останал ист, а неговото реновирање оставено е за наредната година. Еден уникатен детал кој е задржан од ориенталниот имот веројатно никогаш нема да се промени - нежниот базен со место за сончање пред хотелот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг