Враќање на легендарната авто-марка: "De Tomaso P72"

Точка

05/07/2019

15:29

839

Големина на фонт

а а а

Брендот "De Tomaso" е обновен на својот 60-ти роденден, а првиот современ модел на овој произведувач ја носи ознаката "P72".

"De Tomaso" дебитирал на манифестацијата "Goodwood Festival Of Speed", која традиционално секоја година се одржува во Гудвуд, Англија. 

Брендот кој бил познат во 60-тите и 70-тите години на 20-тиот век по моделите како што се "Vallelunga", "Mangusta" и "Pantera", има нов модел по неколку децении хибернација. Конструкторите на "P72" велат дека овој суперспортски автомобил е дизајниран под влијание на тркачките модели од 60-тите години и дека претставува "модерен класик".

Зад брендот "De Tomaso" денес стои "Ideal Team Ventures", во чија сопственост се и "Apollo" автомобилите. Кога станува збор за техничките детали на моделот "P72", тие засега не се соопштени, но познато е дека претпродукцискиот примерок кој е претставен во Гудвуд за погон користи V12 мотор од моделот Apollo IE.

Во план е производство на вкупно 72 примероци од новиот "De Tomaso" автомобил, а се очекува дека продукциските возила ќе ги придвижува или атмосферски V12 или V8 со турбо. Нарачките на овој автомобил се во тек, а почетната цена на моделот изнесува 750.000 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг