Како да бидете фит и по 40-та? Ирина, мајка на 4 деца нѝ ја открива тајната

Точка

06/07/2019

10:30

7.375

Големина на фонт

а а а

Мајка на четири деца, на свои 44 години, Ирина изгледа фантастично, здраво и фит. За Ирина може да кажеме дека изгледа подобро и од многу помлади девојки, а сето тоа се должи на секојдневната физичка активност и спортување кое без исклучок го практикува повеќе од 25 години, како и начинот на исхрана.

Таа вели дека не може да си го замисли животот без спорт, па така голем дел од своето слободно време го користи за планинарење, трчање, пилатес, а меѓу другото таа држи часови за физичка активност на деца. Покрај вежбањето, Ирина особено внимание посветува и на својата исхрана за која вели дека е и поважна отколку самото вежбање. За начинот на исхрана, вежбањето и како да бидете фит без многу изговори, Ирла споделува со нас како се одвива нејзиното секојдневие.


Како би го опишала својот начин на исхрана?

Морам да кажам дека навистина внимавам. Не се водам по некои ригорозни правила или програми, но мојата исхрана се сведува на здрави намирници.

Наутро си подготвувам NuMe протеински шејк и пијам кафе. Потоа, јадам ужина која се состои од една шака сирови бадеми и овошје (секако во умерена количина).

Мојот ручек речиси секогаш вклучува месо и салата, без разлика дали готвам сама за себе и за децата или јадеме во некој ресторан.

Потоа, повторно имам мала ужина и најчесто јадам протеински бар или протеински чипс. Често знам да направам и палачинки, но не оние класични со брашно, туку здрави палачинки. За истите користам оризови снегулки, јајце и NuMe шејк од ванила. Сето тоа го засладувам со протеинскиот крем од Про Фит кој сега ми е омилен.

Вечерата зависи од денот, доколку вежбам, тој ден јадам месо или риба и салата, а доколку не вежбам, пијам NuMe протеински шејк бидејќи содржи малку калории и е сосем во ред да се консумира и навечер.

 Дали си гурман и дали сакаш да готвиш?

Па мислам дека секој е груман, на некој начин. Себе си се сметам за љубител на добрата храна и сакам да готвам, но морам да признаам дека не секогаш имам време. Кога готвам гледам да не е пржена храна и да користам што поздрави состојки. Како за себе, така и за моите деца бидејќи ми е многу важно и тие да секнат здрави навики во начинот на исхрана на долгорочен план.


Ти си веројатно една од најредовните клиенти на Про Фит, како дојде до тоа?

Со Про Фит дојдов во контакт бидејќи фирмата е на мои драги пријатели кои ги познавам многу одамна и во кои имам целосна доверба. Никогаш не сум имала здравствени проблеми или пак прекумерна тежина, едноставно сум таков карактер и сакам да се грижам за себе. Животот е за уживање, па така и јас понекогаш знам да се опуштам, особено кога сме на одмор, но и да качам некој килограм, многу брзо се враќам во форма. Основачите на Про Фит секогаш биле поборници за здрав живот и се предводени од идејата дека секогаш треба да им помагаме на другите и дека како за себе, така мора да се грижиме и за оние околу нас, па тука се пронаоѓам и јас.

Што ќе ни кажеш за храната која ја консумираш од асортиманот на Про Фит?

Општо за храната би спомнала дека е избалансирана, нискокалорична и се базира на поголемо количество протеини. Асортиманот на Про Фит изобилува со разновидни производи кои се погодни и за вегани, вегетаријанци, за луѓе кои се интолерантни на лактоза и глутен и сл. Црното протеинско лепче го консумирам секојдневно, како и Nume протеинските шејкови и барови. Често си јадам и протеински чипс, а во последно време за ужина често си мачкам и од протеинскиот крем за кој зборував погоре.


Какви се ефектите од овој начин на исхрана?

Храната од асортиманот на Про Фит ја користат луѓе кои сакаат да се одржуваат во здрава и фит форма, како и оние кои имаат потреба од намалување на вишокот килограми. Јас сум дел од првта група и ја консумирам оваа храна пред се бидејќи е здрава, со избалансиран состав, а од друга страна и многу едноставна бидејќи не бара готвење и можам да јадам и во движење. Кога сакам да се одржувам така како што сум, ја комбинирам храната и со други оброци, а ако се опуштам и потоа треба да намалам 2-3 килограми, јадам неколку дена само од производите на Про Фит и се враќам во форма.


Знаеме дека си посветена и на вежбањето. Кажи ни повеќе за спојот на оваа храна со вежбање?

Активно вежбам веќе 25 години. Јас сум од оние кои не можат да си го замислат животот без спорт. Сепак, морам да кажам дека кога станува збор за поврзаноста на физичка активност и храна, храната придонесува веројатно некои 70%, додека физичката активност 30% доколку замислиме дека тие две компоненти ни даваат 100% од она што сакаме да го оствариме во поглед на здравјето и фит формата на нашето тело. Оваа храна одлично се вклопува со спортувањето, со тоа што се препорачува доколку се занимавате со потешки физички активности, храната треба да ја комбинирате и со други оброци со кои ќе внесете повеќе калории. Оваа храна е нискокалорична и не се препорачува да се јаде само таа доколку трошите многу повеќе од што внесувате. Јас често после тренинг пијам NuMe шејк, а понекогаш пијам шејк и 20 минути пред да почнам со вежбање бидејќи не сакам да внесувам некоја потешка храна пред тренинг.


Што ќе и порачаш на нашата публика?

На вашата публика би и порачала да внимаваат повеќе на себе и да се грижат повеќе за своето здравје. Денес живееме со многу брзо темпо на живот и често забораваме дека овој живот ни е само еден и дека нашето тело останува со нас до крајот. Затоа, сакам да и порачам на оние кои чувтвуваат дека не се грижат доволно за себе, да најдат мотивација и во најмалите нешта кои го составуваат животот и да почнат уште денес. Јадете здрава храна, спортувајте и сакајте ги луѓето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг