Го потцениле својот автомобил: Valkyrie чини 4,5 милиони долари, но побарувачката е неверојатна!

Точка

03/07/2019

17:18

3.256

Големина на фонт

а а а

Aston Martin Valkyrie е технолошки најнапредниот модел кој британската компанија го има произведено во својата богата историја, па затоа не треба да не зачуди неговата цена која изнесува вртоглави 4,5 милиони долари.

Сепак, можеби тоа што најмногу изненадува во врска со овој автомобил и неговата цена е тоа што има огромен број на луѓе кои се подготвени да издвојат дел од своето богатство за да го добијат Valkyrie.

Дури и шефот на компанијата, Енди Палмер призна дека е изненаден од неверојатната побарувачка на моделот. Тој призна дека во Aston Martin ја потцениле побарувачката за новиот автомобил кога ги одредиле иницијалните производни планови.


Како што открива Палмер, Aston Martin можеле без проблем да продадат 900 примероци на овој хиперавтомобил, наместо 150, колку што ќе бидат произведени.

За жал (на бројните богати колекционери ширум светот), Aston Martin нема да произведе повеќе модели од предвиденото, што значи дека само 150 луѓе ќе уживаат во ремек делото на британската компанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг