Дрон ја снимил џиновската сибирска дупка од 15 милијарди евра: Оттука се извлекувале тони дијаманти, а најголемиот имал генијално име

Точка

26/06/2019

10:43

19.523

Големина на фонт

а а а

Сибирскиот импозантен рудник Мир со децении привлекувал внимание поради својата големина, а сега и снимка од дрон покажува за какво светско чудо станува збор.

Огромната дупка, која изгледа како сцена од научно-фантастичен филм, се наоѓа во најслабо населеното подрачје на Русија, на 8.050 километри источно од Москва. 

Мир или Мирни е неверојатно дело на човековата рака и очигледен доказ колку љубовта кон дијамантите може да оди далеку.

Снимката го покажува базенот со дијаметар од 1,2 километри и длабочина од 525 метри. Ако не е рудникот, немало да има ни град кој му го должи името - Мирни. Настанал пред 50 години од минатиот век, откако било откриено дека Јакутија е ветена земја на дијаманти.

Тука годишно се произведувале околу 10 милиони карати дијаманти. Еден од најголемите дијаманти бил лимон-жолтиот дијамант од 342.57 карати, наречен "26-ти Конгрес на Комунистичката партија на Советскиот сојуз".

Мирни набрзо го привлекол населението кое во сибирскиот студ ја довело желбата за богатство, а до 60-тите рудникот станал најголем во СССР.

Годишно од Мирни се извлекувале два тони дијаманти, без разлика на температурите кои се спуштале до 40 степени под нулата. ОСвен тоа, земјиштето е замрзнато во текот на годината, а летно време се претвора во мочуриште.

По Втората светска војна, заработката од Дијаманти на Русија и помогнала повторно да застане на нозе.

Се проценува дека вредноста на ископаните дијаманти била околу 15 милијарди евра.

Хеликоптерите не се осудуваат да летаат над рударското окно поради разликите во температурите и предупредувањата дека таа дупка може да ги вовлече, меѓутоа, такви случаи се уште не се забележани. Поради необичните звуци кои допираат од длабочината на рудникот, настануваат бројни теории за тоа што станува збор, а многумина веруваат дека дупката е своевидна врска со мрачното подземје.

Сопственик на Мир е руската компанија "Алроса", која произведува околу четвртина од светската количина на дијаманти. По затворањето поради полава, рудникот и натаму делумно работи, но не како некогаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг