Бесплатна куќа на море во Грција и 500 евра месечно: Постои само еден услов за тоа

Точка

22/06/2019

16:02

7.296

Големина на фонт

а а а

Туристите го избегнуваат ова место, а очигледно и локалните жители му завртија грб. Поради намалениот број на луѓе и фактот дека без нив сè ќе пропадне, Грците нудат куќа, парче земјиште и 500 евра месечно за секој кој ќе се досели на ова место.

Во понудата дури има и бесплатна храна. Неопходно за сето тоа е трајно да се преселите на ова место.

Високите карпи кои овозможуваат поглед кон убавото море, скриените заливи и пештери кои треба да се откријат, малото село во кое времето е застанато и бујната вегетација која го шири мирисот на лаванда и рузмарин секако дека ќе ви посакаат добредојде.

Во близина е островот Крит од каде со траект до ова место се патува два часа. Антикитера е речиси дива, но недопрена природа, а тоа е тоа што ја прави “шармантна“ самата по себе. Морето е кристално чисто и совршено за нуркање, а на плажите нема гужви.


Доколку сакате да се исклучите, да се почувствувате како да сте надвор од светот, да влезете во мирот тогаш ова е вистинското место за вас. На остовот постојат само три села во кои доминираат белите куќи и тесните улички, но таму има и неколку продавнички и таверни.

Преубавиот грчки остров Антикитера, на југот од Пелопонез, официјално има само 20 жители.

Ништо на островот Антикитера не е слично на Парос, Миконос и Санторини, но таму се наоѓа автентичната Грција. И покрај сè, туристите го избегнуваат, а очигледно и локалните жители му завртиле грб.


Така се родила генијалната идеја и започната е кампања за повторно населување на овој остров, се бараат луѓе кои сакаат да се преселат на Антикитера и таму да основаат семејства.


Самата природна убавина сепак не е доволна за ваква иницијатива, па затоа на луѓето кои се заинтересирани за ова им се понудени куќа, обработлива земја и 500 евра месечно во текот на првите три години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг