Тешко болниот фудбалер на Глазгов Ренџерс го прослави роденденот на неговата ќерка во болничката соба: „Најдобриот татко на светот“

Точка

20/06/2019

11:56

2.756

Големина на фонт

а а а

Поранешната ѕвезда на Глазгов Ренџерс, фудбалерот Фернандо Риксен, го прослави роденденот на неговата ќерка на несекојдевене начин, од болнички кревет. Роденденското изненадување за својата седумгдишна ќерка, Риксен го приредил од болничкиот кревет на шкотската болница во која се наоѓа поради неизлечлива болест која за жал е во завршната фаза.

Риксен има заболување на моторниот нерв (MND), кое му е дијагностицирано во октомври 2013-та година, кога докторите му дадоа уште 18 месеци живот.

Сепак Риксен се покажа како вистински борец, не се предаде, а не се предава ниту сега.

Тој од својата соба, украсена со балони и подароци, ѝ го честита роденденот на неговата ќерка, а неговата сопруга Вероника видеото го постави на Инстаграм.

Под видеото напишала: „Најдобриот татко на светот. Најубавото изненадување за нашето мало девојче. Ви благорадам многу што ја направивте среќна“.

Видеото прикажува како Риксен се смее додека неговата ќерка влегува во болничката соба, му приоѓа на својот татко и ја става главата на неговиот кревет.

Иако Риксен видно ослабна, тешко зборува и не може да се движи, од неа ја црпи храброста и волјата за живот.

Затоа на неговата ќерка ѝ приредил роденденско изненадување.

Во посебно видео, тешко болниот фудбалер ги повика сите на “Вечер со Фернандо Риксен“, последниот настан со семејството и пријателите кое ќе биде организирано за 28-ми јуни.

„Здраво, ќе имам посебна ноќ на 28-ми јуни. Затоа што ова станува многу тешко за мене, ова ќе биде мојата последна ноќ“ - изјавил Риксен.

„Дојди и направи ова да биде ноќ за паметење. Се надевам дека се гледаме наскоро. Фернандо.“

Холандскиот фудбалер откри дека боледува од оваа неизлечлива болест во октомври 2013-та година кога неговата професионална кариера заврши и во која одигра повеќе од 450 натпревари за фудбалските клубови АЗ Алкмар, Глазгов Ренџерс, Зенит и други.




Спонзорирани линкови

Маркетинг