СДСМ: Датумот за преговори со ЕУ е извесен колку и да не му се допаѓа тоа на Мицкоски

Макфакс

13/06/2019

21:37

1.245

Големина на фонт

а а а

Ниту датум, ниту реформи, ниту позитивни извештаи, ништо, 11 загубени години за државата, за граѓаните, тоа е резултатот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ во однос на ставовите на лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.

„За само 2 години, од заробена држава, со спроведените реформи од страна на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, Северна Македонија е светол пример. Датумот за почеток на преговорите со ЕУ е извесен, а земјата е веќе членка на НАТО. За прв пат после 11 години нашата земја не само што има најпозитивен извештај за напредокот од Европската комисија и безусловна препорака за почеток на преговорите, туку има потврда и силна поддршка од сите земји членки на Унијата“, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Во него се додава дека напредок е постигнат во сите сегменти, а, како што се вели, најочигледен е во економијата.

„Од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ економијата сега порасна за 4.1%. Невработеноста е намалена на најниски досега 17.8%. Во последните 2 години отворени се над 49 илјади нови работни места. Извештајот на Конференцијата на ОН покажува дека Северна Македонија забележила најголем раст на директните странски инвестиции од 260%“, потенцираат од СДСМ оценувајќи ја како класична лажна вест изјавата на Мицкоски дека буџетот не се полни.

Според СДСМ, во ситуација кога земјава очекува датум за преговори, најмалку што може Мицкоски да направи е да го поздрави напредокот на неговата земја и да се заблагодари за поддршката која доаѓа од Германија.

„Колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, нашата татковина граби кон интеграција во ЕУ и НАТО“, велат од владејачката партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг