Први фотографии: BMW Серија 8 Гран Купе

Точка

13/06/2019

12:17

2.401

Големина на фонт

а а а

На интернет протекле неколку официјални фотографии од луксузната купе-лимузина на BMW, пред најавената светска премиера на овој автомобил.

"Gran Coupe" е третиот модел од фамилијата на новата Серија 8 на BMW, по класичното купе и кабриолет. Дизајнот на ова возило е навестен со концептот M8 Gran Coupe од 2018-та година, а сега сме во можност да видиме како изгледа продукциската верзија. 

Автомобилот стилски се потпира на купе верзијата, со нешто подолго меѓуосовинско растојание и дополнителен пар врати од задната страна.

Дизајнот на внатрешноста ќе биде исто така во поголем дел прекопиран од првите два модела на Серија 8, што подразбира дигитализиран кокпит со 12,3-инчен екран, како и 10,25-инчен дисплеј на мултимедијалниот систем.

Што се однесува до моторизацијата, на купувачите најверојатно ќе им биде понуден 6-цилиндричен 3.0 турбо дизел мотор со 320 коњски сили и 680 Nm во верзија 840d, потоа бензинец M850i со твин-тубро 4.4 V8 кој произведува 530 коњски сили и 750 Nm, а нешто подоцна се очекува и M8 Gran Coupe со околу 625 коњски сили.

BMW уште од претходно најавил дека премиерата на "осмицата" на Gran Coupe ќе се одржи во јуни, а автомобилот во продажните салони ќе стигне во септември.




Спонзорирани линкови

Маркетинг