Откажана собраниската комисија на која требаше да се разгледува пописот

Макфакс

10/06/2019

11:56

946

Големина на фонт

а а а

Откажана е собраниската комисија за европски прашања на која денеска требаше да биде разгледан предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите 2020 година.

Комисијата утрово е тргната од дневните активности на веб-страницата на Собранието.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, соопшти дека седницата е одложена бидејќи за разгледувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, што било прва точка на дневниот ред, не бил обезбеден претставник од мисијата на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг