Ужасна глетка: Млад руски „ѕвер“ се обиде да подигне 250 килограми, но се случи најлошото

Дерби

22/05/2019

10:30

915

Големина на фонт

а а а

Кревањето тегови е дисциплина која е посебно актуелната на Олимписките игри, но колку и да изгледа восхитувачки она што го прават силните момци од овој спорт, последното видео кое ја згрози јавноста е доказ дека прекумерното оптеретување може да донесе ужасни последици.

На последниот турнир во Русија, домашниот 20-годишен „ѕвер“ Јарослав Радошкевич имал два неуспешни обида да подигне 250 килограми, а иако вториот пат се пожалил на болки во коленото, се одлучил за трет обид кој бил фатален. Имено, на долуприкажаното видео може да се слушне како му се скрши ногата во третиот обид во ситуација кога го донесе своето тело до непотребен лимит, па сега вистинско прашање е дали воопшто ќе може да гради кариера во овој спорт бидејќи заработил двојна фрактура.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото содржи непријатна глетка…



Спонзорирани линкови

Маркетинг