Седум начини на употреба на пастата за заби во вашето домаќинство

Точка

21/05/2019

20:23

3.104

Големина на фонт

а а а

Иако во поголемиот дел од домаќинствата пастата за заби се користи за хигиена на забите, постојат уште многу начини за кои може да ја користите, од чистење на дамки, полирање па до отстранување на вашите акни од кожата.

Чистење на дамки

Пастата за заби не е само добра за чистење на дамките од нашите заби, таа е и делотворно средство за чистење на дамки од друга површина. Пастата за заби има нежно абразивно својство па може да ги отстранува дамките од боички и маркери на ѕидовите и мебелот.
Постапка: Една лажица паста за заби помешајте ја со една или две лажици вода. Нанесете ја смесата на местото каде што има дамка и истријте го со стара четка за заби.  


Помага при отстранување на акни

Меѓу познатите супермоќи на пастата за заби е и моќта за сушење. Тоа ја прави добро средство за отстранување на акни. Малку паста за заби ставете на акната и чекајте да се исуши, доколку имате време може да ја оставите да делува во текот на ноќта. Овој трик е добар и доколку имате модрици.

Полирање

Затоа што пастата за заби ги полира забите додека не станат бисерно бели има смисла да ја користите за полирање на други работи. Ова благо абразивно средство може да го користите за полирање на површината на не'рѓосувачки челик или накит.

Поправете ги дупките во ѕидовите

Пастата за заби може да ја користите и како средство за пополнување на дупките на ѕидот. Ви предложуваме со паста за заби да ги пополнувате дупките на ѕидот кои не се поголеми од 5 центиметри.

Ублажување на болката

Доколку сте во потрага за средство кое ќе ве ослободи од болката и иритацијата од убодите на инсекти, само истријте го тоа место со паста за заби. Пастата за заби е природно средство кое може да го користите и за намалување на отокот, но и за ублажување на воспаление.

Исчистете ги мијалникот и огледалото

Доколку сакате вашиот мијалник да остане чист тогаш исчистете го со помош на паста за заби. Доколку го чистите огледалото со паста тоа нема да замаглува при туширање во бањата.


Чистење на дамки од кафе

Дамките од кафе се едни од најтешките за чистење, било да се работи за омилената маица или дамки на столот. Но за нивното отстранување може да ви помогне пастата за заби. Сè што треба да направите е да нанесете паста за заби на површината, да ја оставите да делува петнаесеттина минути и добро да ја истриете.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг