11 болести кои може да ги откриете преку мирисот: Никогаш нема да ви “паднат на памет“

Точка

21/05/2019

16:03

5.205

Големина на фонт

а а а

Најновото истражување тврди дека и некои од најтешките болести може да се детектираат преку сетилото за мирис. Сетилото за мирис може да детектира болести како што се рак на бели дробови, рак на дојките, дијабетес, меланом и многу други.

Во иднина докторите ќе можат преку мирисот да го утврдат постоењето на некоја од најтешките болести. Тоа што е најважно, болестите вака ќе можат да се детектираат пред првите симптоми кои што ни ги дава телото.

Еве кои се болестите кои можат да се детектираат преку здивот:

Прееклампсија

Студијата од „Advanced Materials Science“ докажала дека докторите со 84 отсто сигурност можеле да ја дијагностицираат оваа состојба кај трудниците преку мирисање на нивниот здив. Вашиот здив содржи единствени знаци кои многу зборуваат за вашето здраваје.


Рак на белите дробови

Докторите тврдат дека постојат одредени мириси кои ги емитуваат ќелиите на карциномот, а една израелска компанија измислила апарат кој во 90 отсто од случаевите може да го детектира ракот на белите дробови преку здивот на пациентите.

Болести на бубрезите

Мирисот на амонијак во здивот на пациентите може да укаже на рана болест на бубрезите, а на тој начин да го спречат развивањето на болеста и нејзино ефикасно лечење.

Болести на црниот дроб

Кога вашиот црн дроб ќе престане да ги обработува токсините истите ќе почнат да се таложат во урината па дури и во вашиот здив. Мирисот кој настанува кога ова ќе се случи е сличен на мирисот на жива риба.

Мултипла склероза

Според студијата „ACS Chemical Neuroscience“ и оваа автоимуна болест може да има свој мирис. Истражувањето на здивот направено е на 146 луѓе оболени од мултипла склероза 58 здрави луѓе. Истражувачите добиле јасен образец.

Грип

Научниците можат преку едноставно мирисање на телото на личноста да дојдат до заклучок дали личноста боледува од грип или не.


Дијабетес

Луѓето кои боледуваат од дијабетес може да имаат овошен мирис на здивот.

Мононуклеоза

Еден од првите знаци на оваа болест може да биде киселиот мирис од устата на заболената личност.

Психички заболувања

Лошиот здив обично е следбеник на луѓето кои се заболени од шизофренија и останатите психички заболувања.

Генетско пореметување

Бебето родено со генетски пореметувања не можат да ги преработат одредените протеини што резултира со мирисо на нивната урина и восокот од ушите кој потсетува на јаворов сируп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг