Гавраните ја спасиле Британија од пропаст, сега Брегзит "им паѓа полесно": Според легендата легендата кралството ќе претвори во "прав и папел" ако заминат овие птици

Точка

17/05/2019

19:48

3.135

Големина на фонт

а а а

Британскиот политички естаблишмент е во хаос во очекување на Брегзит и деновите на премиерката Тереза Меј се одброени, но кралството и владата се безбедни од пропаста претскажана во легендата, откако биле родени четири гаврани во славната тврдина.

Легендата вели, потсетува "Reuters", дека кралството ќе падне, ако шест гаврани ја напуштат речиси илјада години старата тврдина, домот на кралските скапоцености и популарна туристичка атракција Тауер. 

Се верува дека од владеењето на кралот Чарлс Втори во 17-тиот век на тврдината била задржана мала група на птици за да се спречи пророштвото да се оствари, а на моменталната група од седум гаврани им се приклучиле уште четири птици.

"Многу сме задоволни што можеме да кажеме дека добивме четири нови прекрасни птици. Тоа се првите птици родени во Тауер во последните 30 години", изјавил чуварот Кристофер Скејф, задолжен за гавраните во тврдината.

"Сметаме дека би било добра идеја да видиме дали можеме само да ги одгледуваме гавраните во Тауер за да ја обезбедиме својата иднина, бидејќи легендата вели дека тврдината ќе се претвори во прав и пепел и дека голема штета ќе и му случи на кралството ако гавраните заминат", додал Скејф.

Тој објаснил дека само едно пиле ќе биде задржано во тврдината и дека ќе се вика Џорџ или Џорџина, бидејќи птиците се родени на денот на Свети Џорџ, заштитник на Англија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг