Лицето на Селена Гомез ги шокирало фановите: „Зошто си го направила тоа на себеси?“

Точка

16/05/2019

17:45

8.406

Големина на фонт

а а а

Селена Гомез оваа година првпат се појавила на Филмскиот фестивал во Кан, а иако за појавувањето избрала неколку елегантни комбинации, на фановите им привлекол внимание необичниот изгед на нејзиното лице.

Првиот ден од фестивалот на премиерата на филмот „The Dead Don't Die“, во кој таа ја има споредната улога, Селена заблескала во свилен комплет од модната куќа „Louis Vuitton“ со краток топ и долго здолниште со висок изрез.


Дел од фановите се уверени дека 26-годишната актерка и пејачка била подложна на низа операции, а на никој не му е јасно зошто би го направила тоа кога е млада и природна убавица. Меѓу операциите, според тврдењата на познавачите на пластичната хирургија се операција на носот и ботокс и филери на јаболчниците и усните.


„Зошто младите девојки им го прават тоа на своите лица?“, е прашањето кое најчесто се слуша.

Други се прашуваат како ќе изгледа подоцна.


Ова не е првпат да се шпекулира за нејзините пластични операции. Минатата година ја избришала својата фотографија, која беше најлајкуваната фотографија на Инстаграм, бидејќи многумина велеле дека ги зголемила градите.

„Не сум сигурен зошто ја избриша фотографијата, но мислам дека тоа има врска со коментарите дека ги оперирала градите“, искоментирал еден фан тогаш.




Спонзорирани линкови

Маркетинг