Велики Петок поминете го скромно и не мислете на храна: Еве што смеете, а што не смеете да јадете на најтажниот христијански празник

Точка

25/04/2019

19:03

6.629

Големина на фонт

а а а

Велики Петок е денот кога Исус Христос бил осуден, распнат на крст и погребан. Затоа, ова е денот кога се практикува најстрог пост.

На овој ден, постот треба да биде базиран строго на вода, односно ништо да не се готви на масло. Не треба да се јаде риба ниту да се пие вино. 

Велики Петок е тажен ден, па дури ни црквените ѕвона не се огласуваат сè до недела кога е Велигден, најрадосниот ден во христијанскиот свет – денот кога Христос ја победил смртта.

Во знак на сочувство кон Бог, Велики Петок треба да се помине скромно, како во јадењето и пиењето, така и во мислите. Трудниците и оние кои имаат послабо здравје можат да го прекршат постот, но би било добро пред тоа да се консултираат со свештено лице.

Еве како би требало да изгледа вашето мени на овој голем ден:

Појадок – леб и мед


Ручек – јадење готвено на вода (грав, грашок, боранија или леќа)


Вечера – салата која може да ја зачините со бадеми, лешници и други јаткасти плодови


Ужина – свежо и суво овошје




Спонзорирани линкови

Маркетинг