Видео: Поглаварот на ИВЗ посакува туѓа смрт: Слушам има здравствени проблеми, нека умре побрзо

Макфакс

24/04/2019

11:02

3.924

Големина на фонт

а а а

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, на прес конференција одржана по седницата на Ријасетот на ИВЗ во Кондово, дал изјава која шокирала многумина.

Судот одлучил дека Скендер Бузаку е легитимен поглавар на ИВЗ, а Реџепи и посакал смрт на судијката која ја донела таа одлука. 

"Оваа женска ова не го направила сама. Јас слушам дека таа има нешто проблем со здравјето, но не ја жалам, таквите нека починат што побргу", рече Реџепи.

Тој потоа се прашал и зошто оваа влада е против него, велејќи дека "за целиот свет е носител на мир, а само во Македонија демонстрирал сила".

"Во име на моите колеги, членови на Реисетот, да кажам дека ИВЗ е силно огорчена за скандалот. Тој е припремен на вештачки начин, не памтам ваков примитивен скандал. Мене ме одликувал Доналд Трамп, да му даде Господ среќа. За цел свет сум носител на мир и спокој, само во Р. Македонија сум демонстрирал сила. Јас не се заканувам, се колнам. Туку вистината ги погодува луѓето. Ние таква власт и политика не сакаме. Зборувам во име на 13 муфтии", рекол Реџепи.

Потсетуваме, Реџепи пред некое време македонскиот народ го нарече „див народ, кој нема идентитет и никогаш нема да го има“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг