Porsche подготвува мешавина на Panamera и 911 со која ќе ја нападне „осмицата“ на BMW

Точка

23/04/2019

17:41

2.537

Големина на фонт

а а а

Според германските медиуми, Porsche подготвува целосно нов купе автомобил кој ќе пристигне со импресивен агрегат со моќ од повеќе од 700 коњски сили.

4,8 метарскиот нов модел кој ќе ја добие ознаката Turbo S E-Hybrid ќе нуди фантастични перформанси – над 700 коњски сили ќе се погрижат за забрзување од 0 до 100 километри на час за само 2,9 секунди и 320 километри на час максималната брзина.

Секако, овој модел ќе пристигне и во целосно електрична верзија која ќе биде „изградена“ на премиум платформата за електрични изведби PPE (Premium Platform Electric) која покрај фантастичните перформанси, ќе нуди и автономија од 500 километри.


Основната верзија на новото купе со две врати и четири седишта, ќе биде направено врз модуларната спортска платформа MSB (Modularen Sportbaukasten), а силуетата долга 480 сантиметри ќе биде мешавина на моделите Panamera и 911, што значи дека пристигнува навистина атрактивен модел од Porsche.

Инаку, во понудата ќе биде вклучена и поевтина, основна верзија со 3.0 V6 агрегат со 345 коњски сили, како и средна верзија со 4.0-литарски V8 Biturbo агрегат со 570 коњски сили. На пазарот новиот модел на Porsche се очекува во 2024-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг