Пролет на еден од најубавите острови на Медитеранот

Точка

23/04/2019

13:02

3.958

Големина на фонт

а а а

Малта е нешто како во еден ист момент да бидете во Тунис, Италија, Грција и Шпанија. А на Малта е и селото на Попај...

Пролет на Малта или „Лилипутанија на камен“ која ја сочинуваат трите населени острови:

Малта, Гозо и Комино. Гледано од птичја перспектива, 93 километри јужно од Сицилија, наликува на камен во Средоземното море. Малта е и историски остров или како што локалните жители сликовите објаснуваат „музеј на отворено“, во кој секој за себе може да си најде по нешто, преубави плажи, добра храна, ноќен живот, историја...

Трагови од Фениќаните, Римјаните, Арапите, Норманите, Шпанците, Французите, Британците или малтешките витези од редот на Јован Крстител е речникот на овој остров...

Има само 380000 илјади жители и неколку гратчиња. 


Центарот е Валета, со импресивни ѕидини и ѕидови со боја на мед. Секако може да поминете и до катедралата и ораториумот на Свети Јован, но исто така и до палатата на витезите. Потоа може да одморите во кафулето Кордина кое постои уште од 1837-та година.

Мдина е градот на тишината. Претходната престолнина на Малта во која што денес живеат само 300 луѓе, т.е. 25-те најбогати семејства од оваа медитеранска држава. 

Тоа што во Франција се Кан и Ница, на Малта е Слиема, онака како што жителите го нарекуваат овој град. Во него има мноштво од познати продавници на најпознатите светски брендови кои во текот на летото објавуваат распоред, така што оригиналната роба може да се купи по изненадувачко ниски цени. Тоа е и град на дискотеките кои ви нудат луда забава.

Ако сакате да уживте во она што ве привлекува тука се наоѓаат и две песочни плажи, „Meliha bay“ и „Golden bay“. Можеме да ви ги препорачаме и двете места на кои можете да си поминете прекрасно. А доколку после сè  ова што го наброивме сè  уште не ви е јасно што е Малта, тогаш како за крај ви нудиме и една друга импресија. Значи Малта е нешто како истовремено да сте на Тунис, Италија, Грција и Шпанија.


А во Малта се наоѓа и селото на Попај. Станува збор за филмот кој е снимен според цртанот за популарниот морнар Попај и тоа на Малта во далечната 1980-та година. Во главната улога глуми Робин Вилијамс. За потребите на снимањето на филмот изградени се дрвени куќички во должина на заливот. Кога снимањето на филмот завршило, целиот мал град го претворило ова место во еден интересно тематски парк кој денес ги привлекува туристите од целиот свет.


Овој единствен остров ви нуди безброј можности- целосно да се опуштите на една од најубавите плажи на Средоземјето, да ја истражите културата, уметничките и природните богатства, да посетите некои од рестораните и да ги вкусите малтешките специјалитети или да се препуштите на волшебствата на ноќните излегувања- изборот е ваш и речиси неограничен!



Спонзорирани линкови

Маркетинг